Вардар ги продолжи договорите со двајца важни фудбалери

by Стефан
1 минути читање

Само два дена по триумфот во Купот на Македонија и изборениот пласман во квалификациите за Лигата на конференции, Вардар започна со кроење на тимот за следната сезона. Од клубот соопштија дека двајца од клучните фудбалери, Фаустин Сенгор и Мислав Матиќ, ќе останат во „црвено-црниот“ дрес најмалку до 2027 година.

Станува збор за продолжување на соработката со двајцата фудбалери кои во зимскиот преоден рок пристигнаа во тимот од Скопје и брзо се наметнаа како важни фигури во ростерот на тренерот. Дефанзивецот од Сенегал, Сенгор, дојде како слободен агент, а претходно ги бранеше боите на Гиресунспор, Шкупи, Челик Зеница и Каса Спорт.

Хрватскиот фудбалер Матиќ, пак, во Вардар донесе интернационално искуство стекнато во клубови како Широки Бријег, Рудеш, Шибеник, Локомотива Загреб и украинскиот Минај. Продолжувањето на договорите со овие двајца играчи е јасна порака дека Вардар сака да ја задржи стабилноста и квалитетот на тимот пред новите европски предизвици.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани