Екипата на Вардар,
актуелен бранител на титулата во нашиот домашен шампионат се засили со три нови
имиња во својот состав.
Црвено-црните денеска ги
преставија и официјално поранешните фудбалери на Пелистер, Кристијан Тошевски,
Јован Попзлатанов и Матеј Цветаноски, а сите тие потпишаа договор на три
години.
„Од понудените услови
сум задоволен, кога ми стигна понудата, воопшто не размислував, ја прифатив,
сега сум дел од Вардар, од клубот број еден во Македонија. Секој играч во
Македонија посакува да игра за овој тим, и едвај чекам да почнам со настапи во
нашиот најдобар клуб“ рече 23 годишниот Тошевски кој има и четири настапи за
македонската репрезентација а важи за еден од најталентираните фудбалери во
нашава земја.
„На секој му годи кога
ќе добие понуда да настапува во Вардар. Тоа е најдоброто нешто за еден
фудбалер, и секој играч би сакал да настапува во најдобриот клуб. Не го кријам
моето задоволство што сум ангажиран од страна на Вардар и чест и задоволство ми
е што ќе бидам дел од овој клуб“ истакна 21 годишниот Попзлатанов, член на
репрезентацијата до 21 година.
„Супер се чувствувам,
станав дел од најдобриот клуб во Македонија, пресреќен сум. Секој играч сака да
настапува во Вардар. Не знам како да го опишам тоа чувство. Мислам дека нема
соодветни зборови. Со нетрпение очекувам да почнам во новиот клуб, да почнам да
тренирам и да играм во дресот на Вардар“ изјави 20 годишниот Цветановски.
Извор:
fkvardar.mk