Вардар три пати ја тресеше мрежата на Ренова, но и тоа не беше доволно за да дојде до трите бода, слично како и во Битола, и овој пат во финишот беше прокоцкан триумфот.
Мечот почна идеално за Вардар, по 13 минути со головите на Мирчевски и Попзлатанов водеа со 2-0, во 28 минута, Ренова со погодок на Селмани намали на 2-1.
Во 40. минута Петковски постигна гол и го врати водството од два разлика на Вардар, но две минути подоцна Велија реализираше за 3-2. Во 90. минута Ренова преку Јашароски ги постави конечните 3-3.
Нерешено заврши и мечот меѓу Шкендија и Работнички. Домаќините водеа со 1-0 со гол на Ибраими во 16. минута, Станковски во 51. донесе бод за Работнички.
Шкупи со гол на Исени во 53. минута го победи Силекс со 1-0.
Победа во судиското продолжение испушти Струга Трим Лум. Тие со гол на Лена од 77. минута водеа со 1-0 во Битола против Пелистер, но Хот во 91. донесе реми за битолчани.
Македонија Ѓорче Петров со 3-1 ја совлада Академија Пандев. Воша, Мишевски и Калид ги постигнаа головите за домаќините, Маслаќ реализираше за гостите.
Беласица го освои вториот бод оваа сезона откако одигра 2-2 против Борец. Каланоски и Сулев погодија за струмичкиот тим, Ростовски и Прелчец реализира за Борец.
Табела:
1. Шкендија 22
2.Шкупи 22
3. Македонија ЃП 19
4. Борец 16
5. Струга Трим Лум 15
6. Силекс 14
7. Работнички 12
8. Пелистер 12
9. Вардар 12
10.Ренова 8
11. Академија Пандев 7
12. Беласица 2