Францускиот
дефанзивец од редовите на Реал Мадрид, Рафаел Варан наводно е одлучен во
намерата да се приклучи на редовите на Манчестер јунајтед уште ова лето.
Се верува дека
Манчестер јунајтед уште пред неколку месеци го подготвувал теренот за ангажман
на 28 годишниот стопер, а Премиерлигашот наводно се уверил во тоа дека
Французинот посакува преселба на „Олд Трафорд“.
„Индипендент“
тврди дека Варан сака да се раздели со Реал Мадрид, а верува дека Манчестер
јунајтед е клубот каде би можел да го пронајде новиот предизвик кој и самиот го
посакува.
Варан инаку има
уште една година од својот активен договор со „Кралевите“, а неговата цена на
трансфер пазарот изнесува околу 60 милиони фунти.