Фудбалерите на Мексико и Костарика одиграа натпревар без победник (0-0) во групата А на Голд купот.
Во финишот Мексиканците можеа многу лесно до трите бода, особено бидејќи Сантиаго Хименез даде мајсторски гол. „Росонерот“ во дресот на Мексико по еден слободен удар остана подзаборавен и од втор план реализира атрактивно со ножички.
Сепак, судијата доби повик да ја прегледа снимката и утврди дека при изведувањето Хименез беше во недозволена позиција. Иако топката до Мексинецот ја даде играч на Костарика, судијата го поништи голот.