ВАР хаос во Рим, Рома стигна до три бода против Торино (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Рома стигна до
триумф над Торино и покрај тоа што имаше само 32% посед на топката. Гостите беа
подобар противник на стартот од натпреварот, но „волчицата“ од својата прва
посериозна шанса го отвори резултатот.

Мхитарјан одлично го проигра Абрахам, а напаѓачот прецизно пласираше и ја смести топката во
мрежата за 1-0.

Неколку минути
подоцна, Ел Шарави беше соборен во шеснаесетникот и досуден пенал, но ВАР на
момент откажа, па се чекаше пет минути за да се утврди дека Абрахам на
зачетокот од акцијата бил во милиметарски офсајд и одлуката на теренот да се
поништи.

Торино во
продолжението од мечот се обиде да стигне до изедначување, гостите имаа
иницијатива, но Рома умешно се бранеше и стигна до трите бода.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×