ВАР главен во првите 45 минути, на Атлетико му поништи пенал, на Шалке му додели (ВИДЕО)

by
1 минути читање

ВАР е во главна
улога во првото полувреме на вечерашните пресметки од Лигата на шампиони. Во
Мадрид, видео технологијата му поништи пенал на Атлетико Мадрид.

Во 24. минута од
мечот на Ванда, Де Шиљо имаше контакт со Диего Коста, напаѓачот падна а
судијата Феликс Цвајер досуди најстрога казна. Сепак ВАР стапи на сцена па пеналот беше поништен и беше досуден прекршок на работ од шеснаесетникот.

Видео технологијата
беше на сцена и во Гелзенкирхен, каде Шалке доби пенал. Отаменди играше со рака
при еден шут. Судијата најпрво досуди корнер, а по долги консултации со ВАР
собата, ја преиначи одлуката и досуди пенал кој Бенталеб го искористи за 1-1.
Шалке потоа доби уште еден пенал и го сврте резултатот во своја корист и на
пауза замина со 2-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани