ВАР драма во Фиренца, Интер бесен на судијата откако Виола стигна до 3-3 во 101. минута со сомнителен пенал (ВИДЕО)

by
2 минути читање

„Нероаѕурите“ беа
на прегот на триумф на „Аретемио Франки“ и покрај тоа што беа во негатива по
само 16 секунди игра. Една долга топка ја изненади одбраната на Интер, Киеза го
проигра Симеоне, кој со помош на Де Врај ја затресе мрежата на Интер за 1-0.

Гостите брзо се
вратија во игра, и веќе во 5. минута преку Весино изедначија на 1-1. Пред
крајот на првиот дел, Интер направи комплетен пресврт. Политано биеше прецизно
од врвот на шеснаесетникот за 1-2.

Само што започна
вториот дел, започнаа и контроверзиите со ВАР. Судијата најпрво досуди пенал за
Интер поради играње со рака на Фернандез, а Перишиќ погоди од белата точка за
1-3. Потоа видео технологијата поништи гол на Фиорентина откако на зачетокот од
акцијата имаше прекршок од Муриел врз Д’Амброзио.

Домаќините се
вратија во игра кога Муриел постигна прекрасен гол од слободен удар. Напаѓачот
од 30 метри погоди во аголот и најави интересна завршница.

И кога се играа
последните мигови од мечот, следеше драма. Киеза во 96. минута се обиде да нафрли а топката
го удри Д’Амброзио во гради, па во рака, но тоа беше доволно за судијата веднаш
да покаже на белата точка. Тој не се предомисли ни откако ги прегледа
повторените снимки, па Верту во 101. минута од мечот реализираше за 3-3.

По последниот свиреж, играчите на Интер веднаш тргнаа да се расправаат со
судијата.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани