Ване Крстевски потешко се повреди и мора на операција

by 24 фудбал
1 минути читање

Шкендија доби непријатна вест во пресрет на продолжението од сезоната, откако беше потврдено дека крилниот напаѓач Ване Крстевски заработил сериозна повреда.

Фудбалерот на тетовскиот клуб има скршеница на клучната коска која е дислоцирана, повреда која бара оперативен зафат. Поради тоа, за него полусезоната е завршена, а времето на враќање на терените ќе зависи од текот на опоравувањето по операцијата и фазата на рехабилитација.

Од клубот соопштија дека ситуацијата е внимателно следена од медицинскиот тим и дека ќе се направи сè што е потребно за фудбалерот што побрзо да се врати во тимот.

Во меѓувреме, пристигнаа и подобри вести за голманот Астрит Амзаи кој се врати на лесни тренинзи по проблемите со болки во грбот. Тој веќе работи под надзор на лекарите, а неговата подготвеност за настап ќе биде проценета на утрешниот тренинг, пред дуелот со Јагелонија во Конференциската лига.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×