85
Сапуницата
продолжува, по неколку дена молк, Ванда Нара се огласи на социјалните мрежи.
Таа сподели колаж од романтички фотографии со Мауро Икарди од изминативе три
месеци и испрати порака за Еухенија Чина Суарез, аргентинскиот модел поради кои
нејзиниот брак е во голема криза.
„Јас ќе се
погрижам за моето семејство, животот ќе се погрижи за кур*ите!“ – напиша Ванда
Нара во стори на Инстаграм.
Ова е прв пат
како Ванда Нара споделува слики со Мауро Икарди по обвинувањата за неверство, и
се чини дека двајцата се на добар пат да ги надминат недоразбирањата и да продолжат со заеднички живот.