101
Медиумите од
Аргентина и понатаму на долго и на широко пишуваат за љубовната драма на Мауро
Икарди и Ванда Нара. Атрактивната блондинка очигледно нема намера да му го
прости невереството на фудбалерот и побарала развод.
Мауро Икарди пак
на ова одговорил со закана, порачал дека ќе замине од ПСЖ и покрај тоа што има
договор до 2024 година. Еден ваков потег ќе има финансиски последици врз
двајцата.
Во меѓувреме, одредни
извори велат дека Ванда Нара и Мауро Икарди заедно се вратиле во Париз,
напаѓачот инсистирал дека нема да го напушти Милано доколку таа не дојде со
него, па поради работните обврски, Ванда Нара прифатила да се качи во авион.