Ванда има лошо влијание врз Икарди, таа сака само пари

by
1 минути читање

Агентот и сопруга на Икради, Ванда Нара ги влоши односите со Интер поради нејзините испади на социјалните мрежи.

Поранешниот агент на Аргентинецот, Албан Морено смета дека таа работи погрешно, а Икарди има штета од тоа.

„Икарди дава многу на теренот како напаѓач. Како и да е опкужен е со лошо влијание околу него, Ванда мисли само на пари“, вели Албан Морено.

„Неговата работа на теренот е фантастична и тој многу созреа во италијанскиот фудбал поради неговиот менталитет и перфектното тело за Серија А, на Ванда Нара се грижи само за парите а не и за неговиот имиџ и вредност како капитен на Интер“.

„Секој агент може да зборува за обнова на договорот, но многу е важен начинот на кој го правите тоа. Не може само да речете ова се бројките на Икарди и да пуштите се на социјални мрежи“.

„Наместо да ставаат се на интернет, треба да отидат во Интер и да преговараат“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани