Холанѓанецот во
2012 го напушти Арсенал и се пресели во големиот ривал Манчестер јунајтед, и
покрај тоа што двата клуба имаа многу малку зделки меѓу себе, и никогаш не преговарале
за така звучно име.
Тој сега открива
детали од разговорите со раководството на „топчиите“ и вели дека Јувентус му
бил прв избор, но управата го блокирал трансферот и барала многу пари. Во прв момент вели дека виновен бил претседателот, но во текот на интервјуто појаснува дека станува збор за Иван Газидис, генералниот извршен директор.
„На еден состанок
ми покажа долга листа со табели и броеви, ми зборуваше за тоа колку Арсенал бил
во добра финансиска кондиција. Му кажав, „Не ме интересираат бројките, јас само
сакам да ја освојам Премиерлигата. Ако треба, ќе отидете и малку во минус, но
мора да донесеме квалитетени играчи““ – вели Ван Парси.
Засилувањата не
биле единствениот проблем, Арсенал одбивал на маса да стави нов договор, па Ван
Перси почнал да размислува за трнсфер.
„Кога ми стана јасно
дека клубот не сака да продолжам, почнав да разгледувам опции. Имаше една
прилично убава и бев убеден дека ќе одам во Јувентус, Антонио Конте
беше тренр во тоа време“.
„Се договорив со Јувентус,
но Иван Газидис беше тврдоглав. Го предупредив, му кажав дека ако трансферот не
се реализира, другите две опции се Манчестер Сити и Манчестер јунајтед. Но тој
се инаетеше, постави неразумна цена, бараше 35 милиони евра и тоа не беше реална
сума. Потоа замина на одмор, две недели беше во САД сред трансфер период. Тоа е
невозможно“.
Арсенал подоцна
сепак испратил понуда за нова соработка, но веќе било доцна.
„На крајот се сведе
на тоа да избирам помеѓу Сити и Јунајтед и чувствував дека Јунајтед е правиот
избор. Никогаш не добив одговор на прашањето зошто не ми беше дозволено да се
преселам во Јувентус за истата сума“.
„Знам дека моето
заминување од Арсенал во Манчестер Јунајтед се уште е многу чувствителна тема.
Но, јас сакав да победувам, сакав само да победувам и морав да ризикувам за да
дојдам до тоа“.