784
Антонио Рудигер привлече внимание со своето однесување по мечот меѓу Барселона и Реал Мадрид (3-2) во финалето на Купот на кралот.
Поради дивеењето тој доби црвен картон и гледа кон суспензија, а коментар за ситуацијата даде Рафаел ван дер Варт. Поранешниот холандски фудбалер работи како аналитичар за телевизија во својата земја и често има контроверзни изјави, па така и сега:
„Антонио Рудигер е ментално болен. Некогаш е забавен тип, а некогаш е идиот. Против Барса беше идиот“, кратко прокоментира Ван дер Варт.