70
Медиумите од Англија уште пред неколку дена објавија кој добил најмногу гласови за Играч на годината. Вечерва на церемонија во Лондон, Вирџил ван Дајк и официјално го доби ова престижно признание кое се доделува во избор на професионалните фудбалери од Англија.
Дефанзивецот на Ливерпул стигна до наградата пред Рахим Стерлинг од Манчестер Сити.
И Англичанецот не остана со празни раце и беше прогласен за Најдобар млад играч. Сепак, многумина беа збунети од овој избор со оглед на тоа дека фудбалерот на „граѓаните“ има 24 години и наскоро ќе полни 25, па не спаѓа баш во категоријата млад играч.