109
Наполи го прослави четвртото скудето во својата историја, откако во петокот се радуваше против Каљари (2-0) и го остави Интер зад себе на табелата во Серија А.
„Партенопеите“ го запалија Неапол уште вечерта по натпреварот, славјето беше лудо и траеше со часови, па дури и денови. На стартот на новата седмица (в понеденик) беше закажана и шампионската парада.
По улиците долж Тиренското море парадираа фудбалерите на отворен автобус со скудетото и беа поздравени од илјадници фанови. Италијанците најавија дека имало преку 100.000 навивачи на улиците на Неапол.
🎥 🏆 FESTA SCUDETTO NAPOLI LIVE | Segui con noi il pullman in diretta https://t.co/Nfhw3VOZyI
— Spazio Napoli (@Spazio_Napoli) May 26, 2025