Ваква плата нема никој во Премиерлигата, Манчестер јунајтед му нуди на Де Геа 90 милиони за да остане верен!

by
1 минути читање

Шпанецот е обврзан кон „ѓаволите“ до 2020 и преговорите за продолжување на соработката подолго време тапкаат во место.

Неодамна се појавија стории кои велеа дека Давид Де Хеа и Манчестер јунајтед се во пат позиција, односно голманот бара неделна плата од 350.000 фунти и не сака да ги намали барањата, додека пак клубот од Олд Трафорд одбива да му даде ваква сума.

Но денешното издание на Тајмс вели дека нема вистина во ваквите написи. Весникот, кој ретко се бави со шпекулации и прилично има точни информации, вели лидерите на Манчестер јунајтед со задоволство ќе прифатат бројка од околу 350.000 фунти неделно и со тоа ќе му демонстрираат на Де Хеа колку тој е важен за тимот.

Тајмс вели дека „ѓаволите“ планираат да му понудат на голманот договор вреден над 90 милиони фунти и да го направат играчот со најголема основна плата во историјата на Премиерлигата.

Манчестер јунајтед  е подготвен да ја одвои оваа сума зошто верува дека ангажман на нов голман од светска класа (плаќање на трансфер сума плус плата) сигурно ќе чини повеќе.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани