Вакциналниот статус ќе се земе во предвид во Астон Вила за посакуваните трансфери, потврди Џерард

by
1 минути читање

Новиот тренер на
Астон Вила, како и легенда на Ливерпул, Стивен Џерард призна дека клубот од
Бирмингем ќе го има во предвид вакциналниот статус на секој фудбалер кого го
посакува во своите редови, а во однос на јануарскиот преоден рок за трансфери.

Проблемите со
ковид-19 придонесоа за големи проблеми на Островот, проблеми кои се сведоа и на
фудбалски план, а тренерот на Астон Вила беше запрашан дали би размислил два
пати за ангажман на фудбалер кој не е вакциниран.

Се уште не сум
дефинирал конечно по тоа прашање, но ние поминуваме низ едни специфични услови
во однос на процесот на регрутирање, импресиониран сум од спортскиот директор
Џон Ланге, како и луѓето околу него, ние како клуб ќе внимаваме на сите детали,
а сигурен сум дека и тоа ќе биде земено во предвид
“ рече Џерард.

Сепак, ние
секако најпрво ќе гледаме фудбалерот да е тој вистинскиот кој може да не
направи подобар тим, можеби не е мое да коментирам, но тоа секако ќе биде
земено во предвид во преговорите
“ додаде Англичанецот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×