Вајналдум по стапките на Агуеро, прифаќа помала плата за да игра во Барса

by
1 минути читање

Џини Вајналдум треба да биде второто засилување за Барселона за сезоната 2021/22. Агентот и адвокатот на Холанѓанецот денеска беа во канцелариите на Барса на Камп Ноу на средба со раководството на „каталонците“.

Неколку извори пренесуваат дека паднала согласност за тригодишна соработка и фудбалерот од средниот ред ќе биде потврден како нов фудбалер на Барселона пред почетокот на Европското првенство.

Детали за договорот не се откриваат, но се шпекулира дека Џини Вајналдум исто како Кун Агуеро ќе прифати помала плата за да игра во Барса.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани