Вајналдум отиде, виде, не му се допадна и сака да се врати во Премиерлигата

by
0 минути читање

Вајналдум минатата сезона не сакаше да го продолжи договорот со Ливерпул и замина во ѕвездениот тим на ПСЖ. Таму беше претставен како големо засилување, но работите очигледно не се одвиваат како што тој замислуваше.

Вајналдум не е среќен во ПСЖ, посакува да замине од таму и да се врати во Премиерлигата.

Според „Телеграф“, Ливерпул нема намера да го врати, но за него има интерес од други премиерлигаши.

Арсенал, Њукасл и Евертон се клубовите кои би сакале да го видат Вајналдум во нивниот тим.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×