Вајналдум го одбрал следниот клуб, Холанѓанецот се сели во ПСЖ!

by
1 минути читање

ПСЖ успеа да го
украде Џини Вајналдум од пред носот на Барселона, ова попладнево го пренесе
добро упатениот новинар Фабрицио Романо.

Холанѓанецот требаше
да биде четвртото засилување за Роналд Куман, се најавуваше дека следната
недела ќе биде презентиран, но „светците“ доставија понуда во 5 до 12 и успеаја
да го убедат да се пресели во Париз.

„Џини Вајналдум
одлучи да се пресели во ПСЖ. Барселона нема намера да ја зголеми понудата
откако пред две недели се договорија со играчот и беа закажани лекарски
прегледи. Џини сега ќе го прифати предлогот на ПСЖ за договор до 2024 и двојно
поголема плата (во споредба со предлогот на Барса“
– гласеше пораката на
Фабрицио Романо на Твитер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×