Уште ова го немавме видено, судија на расна основа навреди играч, прекин на мечот меѓу ПСЖ и Башакшехир! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Драма на „Паркот
на принцовите“, натпреварот помеѓу ПСЖ и Башакшехир е прекинат откако четвртиот
судија е обвинет за расизам.

Проблемот настана
по петнаесетина минути игра кога главниот судија дојде да покаже црвен картон
на некого од клупата на гостите. Потоа настана мешаница
, во фокусот беше Пјер Вебо, помошникот на тренрот
Бурук.

Фудбалерите на
Башакшехир почнаа да обвинуваат дека четвртиот судија навредувал на расна
основа, односно дека го користел зборот „
negro“ (црнец).

Имаше долга
дискусија, се приклучија и играчите на ПСЖ, дојде и супервизорот на УЕФА, за на
крај гостите да решат да се повлечат во соблекувалната.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани