Роберт
Левандовски е многу блиску до испишување нова историја во Бундеслигата, Полјакот
синоќа три пати ја тресеше мрежата на Борусија Менхенгладбах во победата од 6-0,
па сега сериозно атакува на рекордот на Герд Милер.
Популарниот
„бомбардер“ во сезоната 1971/72 постигна 40 погодоци во Бундеслигата, најмногу
во една сезона и рекорд кој изгледаше недостижен.
Но речиси 50 години
подоцна, Роберт Левандовски е на прагот до овој успех, напаѓачот на Баерн
Минхен со синоќешните три погодоци стигна до бројката од 39 погодоци оваа
сезона и има два натпревари за нова историја.
„Ќе продолжам да
притискам на педалата за гас. Благодарен сум им на соиграчите што постојано ме
снабдуваат со шанси за гол“ – рече Роберт Левандовски по крајот на натпреварот
со Борусија Менхенгладбах.