Уште една лоша одлука на Бартомеу: Доколку Куман не го обнови договорот, Барса ќе му плати 6 милиони евра!

by
1 минути читање

Жоан Лапорта во
неколку наврати се пожали дека претходното раковорство влечело многу лоши
потези па затоа клубот е во голема финансиска криза поради која сега им се
врзани рацете при настапот на трансфер пазарот.

Еспорт3 сега
открива нова лоша одлука на Жозеп Мариа Бартомеу, поранешниот претседател на
Барселона вметнал клаузула во договорот на Роналд Куман според која стратегот
ќе добие компензација од 6 милиони евра доколку не му биде продолжена соработка
во сезоната 2022/23.

Се верува дека
токму финансиите се една од причините зошто Жоан Лапорта има големо трпение со
Роналд Куман и тешко се одлучува да му врачи отказ. Некои извори пренесуваат
дека еден ваков чекор ќе ги чини „каталонците“ 12 милиони евра, додека пак Еспорт3
шпекулира со сумата од 13-14 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани