Рома попладнево
прокоцка два гола предност на гостувањето кај Каљари, домаќините со двајца
играчи помалку на теренот во 95. минута се изборија за 2-2.
Вечерва следеше нов инфаркт натпревар и разочарување за вториот тим од Рим.
Лацио успеа да го сврте резултатот во своја корист откако Кваљарела во првото
полувреме и донесе водство на Сампдорија. Ачерби во 79.
минута најпрво изедначи на 1-1, за во 96. минута од мечот Имобиле од пенал да
донесе 2-1.
И кога сите очекуваа три бода за „бјанкочелестите“, во 99. минута
Сапонара со мајсторски потег го замолка „олимпико“. По една долга топка,
гостинскиот фудбалер реагираше во стилот на Ибра и со акробатски волеј го лобуваше
голманот на Лацио за голема радост.
Според Опта, овој
гол постигнат точно по 98 минути и 49 секунди од мечот, е најдоцниот погодок во
Серија А откако тие водат официјална статистика од сезоната 2004/05.