Спортскиот
директор на Севиља, Мончи не е во комуникација со колегите од Манчестер
јунајтед веќе повеќе од седмица, а нема контакти ниту со агентите на Ентони
Марсијал.
Познато е дека
клубот од Андалузија беше сериозно заинтересиран за услугите на 26 годишниот
крилен напаѓач на „Црвените ѓаволи“, но наводно Премиерлигашот поставил услови
кои на Севиља не и се допаѓаат.
Се верува дека
Манчестер јунајтед побарал од Севиља за таа да ја покрива половина од платата
на Марсијал во идните шест месеци, а исто така за предвидената позајмица до
крајот на сезоната да исплати и одредена сума на обештетување.
„Марка“ наведува
дека Севиља нема можност за таква инвестиција во јануарскиот преоден рок, па
така шпанскиот прволигаш би можел своето внимание да го пренасочи кон Рикардо
Орсолини од Болоња.