Условите кои Анчелоти му ги поставил на Нејмар за да патува на Светско првенство

by bojan
1 минути читање
Нејмар

Медиумите од Бразил откриваат дека Карло Анчелоти разговарал со Нејмар и му поставил неколку услови за да добие повик за настап на мундијалот во САД.

Карло Анчелоти вчера ги откри адутите на „кариоките“ за Светското првенство, и на списокот се најде Нејмар.

Напаѓачот до сега не доби ниту еден повик од италијанскиот стратег, но се чини дека Карло Анчелоти на крајот подлегна на огромниот притисок од јавноста и го вметна Нејмар во тимот.

Како што пренесуваат медиумите, одлуката била направена уште пред неколку дена, Карло Анчелоти имал видео разговор со Нејмар и му поставил неколку услови.

Како прво, Нејмар нема да ја добие капитенската лента и покрај огромното искуство и големата почит што ја ужива кај соиграчите.

Второ, Карло Анчелоти го известил напаѓачот дека на ум веќе го има стартниот состав, и Немајар нема да биде дел од почетните единаесет, и ќе треба на тренинзите да покаже дека заслужува минутажа од клупата за резерви.

Освен што треба да се помири со статусот во тимот, Нејмар ќе треба и да го промени своето однесување, односно да биде многу подискретен надвор од терените. Наводно за него се воведени посебни правила на однесување, а му било сугерирано и значително да ја намали активноста на социјалните мрежи.

Фудбалерот на Сантош без двоумење ги прифатил сите услови, порачал дека е подготвен на се само за да настапи на мундијалот во САД.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×