Уште еден англиски гигант може да добие катарски газди – преговорите започнале!

by Стефан
1 минути читање

Влегувањето на пари од Блискиот Исток во англискиот фудбал во последните години не е ретка појава, а сега уште еден клуб од Островот би можел да добие финаниска инјекција од Катар.

Медиумите на Островот пренесуваат дека група катарски инвеститори започнале преговори за купување на Тотнем.

Информациите се дека станува збор за опција која би можела да им се допадне на незадоволните навивачи, но и на Даниел Леви кој би добил пари за продажбата, но и би останал на чело на клубот.

Исто така се наведува дека планот на инвеститорите бил постепено да влегуваат во клубот и во иднина да стана мнозински сопственик, нешто слично што направи Џим Ретклиф со Манчестер јунајтед.

Идентитетот на инвеститорите во овој момент не е познато, но се потенцира дека во прашање се приватни бизнисмени, а не катарскиот инвестициски фонд.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани