Таткото на младата ѕвезда на Барселона, Ламин Јамал, Мунур Насрауи, се најде во центарот на вниманието поради несекојдневна грешка пред големото финале на шпанскиот Куп на Кралот, во кое ќе се сретнат Барселона и Реал Мадрид.
Насрауи отпатува во Севиља за да го поддржи својот син во обидот да го освои првиот трофеј во ова натпреварување, но направи пропуст кој веднаш стана вирален. На својот Инстаграм профил објави фотографија пред стадионот „Рамон Санчез Писхуан“ со порака: „Санчез ќе сведочи“.
Сепак, повеќе од еден милион негови следбеници брзо го коригираа, посочувајќи му дека финалето нема да се одигра на овој стадион, туку на „Ла Картуха“.
Да потсетиме, Севиља има три големи стадиони – „Рамон Санчез Писхуан“, „Бенито Виљамарин“ и „Ла Картуха“ и очигледно тоа го збунило таткото на младата ѕвезда..
Фото: hustle_hard_304/Instagram