Уникатен рекорд на Роналдо, никој како Португалецот! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Јувентус со 3-1 победи на гостувањето кај Сасуоло и остана во борба за местата кои водат во Лигата на шампионите. Головите за старата дама ги постигнаа Рабио, Роналдо и Дибала.

Ова беше голот број 100 на Роналдо во дресот на Јувентус, а со тоа направи еден уникатен рекорд.

Португалецот стана првиот фудбалер во историјата кој постигнал по најмалку 100 голови за три различни клубови и за репрезентацијата.

Тој има 100 за Јувентус, 450 за Реал Мадрид, 118 за Манчестер јунајтед и 103 за Португалија. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани