Уникатен протест на навивачите на Базел против скапите билети, ќе печатат свои и имаат генијална идеа

by
1 минути читање

Фудбалските
љубители ширум Европа многу често оваа сезона се бунтуваат против скапите билети.
Тоа најчесто е за мечевите од Лигата на шампионите, особено цените на билетите
наменети за гостинските навивачи.

Својот глас сега
го кренаа и навивачите на Базел, кои се побунија за цените на билетите за
финалето до Купот на Швајцарија.

Имено, оние
билети кои се наменети за најверните навивачи чинат 50 шавајцарски франци,
додека цената на најскапите билети оди и до 120 швајцарски франци.

Па навивачката
група „Мутенцеркурве“ ги повика своите членови да не купуваат офицјалните билети.
И не само тоа, тие ќе направат свои „лажни билети“ во ретро дизајн и ќе ги
продаваат по цени од 25 и 40 франци.

Тие потоа ќе
маршираат до стадионот каде што ќе се игра финалето и на Фудбалската федерација
на Швајцарија ќе и ги понудат собраните пари. Па луѓето од федерацијата ќе
имаат две опции, или да земат парите и да ги пуштат фановите на трибини, или пак да ги одбијат и спектаклот
да не биде зачинет со присуството на најверните љубители.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани