Германија со 2-1 ја победи селекцијата на Брегот на Слоновата Коска благодарение на два гола на Денис Ундав, победничкиот беше во судиското продолжение од мечот.
Германците тргнаа офанзивно, слоновите се бранеа, но беа опасни во контра напади.
Резултатот беше отворен во 30. минута кога Френк Кеси начека една одбиена топка и ја смести во мрежата на Нојер за водство од 1-0. Тоа беше резултатот по првото полувреме.
Клучниот потег Нагелсман го направи во 60. минута кога во игра го внесе Денис Ундав.
Во 68. минута напаѓачот изедначи на 1-1 и ја врати Германија во живот, го најави пресвртот.
Вториот погодок дојде кога сите очекуваа дека мечот ќе заврши нерешено. Во 94. минута Ундав повторно погоди, овојпат за победа од 2-1.