Умтити ги одбива сите понуди, поважни му се парите од Барса отколку да игра фудбал

by
1 минути читање

Барселона се надеваше дека ќе се ослободи од Умтити со што ќе ја подобри малку финансиската ситуација, но „Мундо Депортиво“ тврди дека дефанзивецот е решен да остане.

Умтити ги одбил сите понуди досега кој пристигнале за него, Роналд Куман јасно му кажал дека нема да смета на него. Пред него се сите останати дефанзивци, Пике, Ерик Гарсија, Ленгле, Араухо и Мингуеза.

Интерес за Умтити имаше од Лион, Монако, Рома и Бешикташ но ниту еден од овие клубови не може да му ја понуди платата која ја заработува во Барселона.

Умтити има договор до 2023 година и не сака да се откаже од ниту едно евро кое му следува, па би ја жртвувал и кариерата, не би играл фудбал само за да ги добие парите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани