Ултрасите на Интер го уништија муралот од Лукаку пред „Џузепе Меаца“: Ист си како и другите, трчаш по пари (ФОТО)

by
1 минути читање

Најжестоките навивачи на Интер го уништија муралот од Лукаку кој се наоѓаше блиску до „Џузепе Меаца“.

Тие се огласија и со порака кон него.

„Мислевме дека си поинаков, почесен и транспарентен Ти верувавме, ти дававме поддршка, те сметавме за наш син, за дел од нас, но ти покажа дека си како и сите други, трчаш по пари. Ти посакуваме се најдобро и запамети, алчноста никогаш не се исплати. Интер е над секого, па и над тебе“, велат од навивачката група „Курва Норд“.

Лукаку од синоќа е во Лондон каде наскоро ќе го комплетира трансферот во Челси.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×