Украина без две ѕвезди против Македонија

by
1 минути читање

Украинските медиуми пишуваат дека Конопљанка и Коваленко нема да се опорават навреме за настап на Европското првенство, а тоа е сериозен удар за оваа репрезентацицја.

Украина има широк состав и ќе се обиде соодветно да го надополни нивното отсуство, но сепак хендикеп ќе биде нивното неучество на туринирот.

Конопљанка кој игра за Шахтар, се рехабилитира од повреда на мускулот, но нема да стигне навреме, па ќе отпадне од конечниот спсиок.

А играчот на Аталанта, Коваленко закрепнува од повреда на тетивата, се предвидува дека на тренинзи ќе може да се врати дури на 15 јуни, што ќе биде доцна, па и тој ќе отпадне од конечниот список на Шевченко.

Македонија против Украина игра на 17 јуни, во рамките од второто коло на ЕП.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×