169
Извршниот комитет на УЕФА ќе заседава во петок и тогаш може да биде донесена одлука за исфрлање на екипите кои ја основаа Суперлигата и тоа да стапи веднаш на сила.
Тоа значи дека титулата од Лигата на шампионите ќе ја добие ПСЖ бидејќи Реал Мадрид, Манчестер Сити и Челси ќе бидат исфрлени.
Во Лига Европа ќе има барем финале помеѓу Виљареал и Рома, а Манчестер јунајтед и Арсенал ќе бидат исфрлени.
„Клубовите мора да бидат исфрлени и очекувам тоа да се случи во петок“, изјави Данецот Јаспер Молер кој член на извршниот комитет на УЕФА и претседател на Данската фудбалска федерација.