Постапката против Јувентус, Барселона и Реал Мадрид е прогласена за „ништовна“ соопшти УЕФА.
УЕФА се обидуваше со судска постапка да ги казни трите клуба за кршење на правилата и формирање затворена лига спротивна на законот за конкуренција.
Но судот во Мадрид донесе одлука во полза на клубовите, па УЕФА се откажа од понатамошно гонење на трите клуба.
УЕФА исто така соопшти дека паричните казни кои им ги даде на останатите девет клуба кои се откажаа од Суперлигата, се укинуваат и тие не треба да платат ништо.
Тие девет клуба се Арсенал, Челси, Ливерпул, Манчестер Сити, Манчестер јунајтед, Тотнем, Атлетико Мадрид, Милан и Интер.
Тие требаше да платат заеднички 15 милиони евра плус пет проценти од нивните награди од УЕФА натпреварувањата во текот на една сезона.
Но, иако УЕФА ги тргна сите казни за клубовите и се откажа од тужбите, се закани дека во иднина ќе направи се што е потребно за да се спречи создавање на Суперлига или некој сличен проект.