УЕФА потврди: Тотнем е елиминиран од Конференциската лига

by
0 минути читање

Поради повеќе позитивни случаи на ковид-19, Тотнем не можеше да го игра натпреварот против Рен кој беше закажан за 9. декември.

Но, УЕФА и двата клуба не успеаа да најдат нов термин кој ќе им одговара на сите.

Тотнем во тој момент беше третполасиран и само победа против Рен го носеше на второто место.

УЕФА денеска објави дека откажаниот натпревар меѓу Тотнем и Рен се регистрира со службена победа од 3-0 за францускиот тим.

Тоа значи дека тимот предводен од Антонио Конте и официјално заврши со Европа за оваа сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×