167
Арнаутовиќ може скапо да го чинат навредите кон Алиоски, УЕФА покрена постапка против австрискиот фудбалер.
„Етички и дисциплински инспектор е назначен да направи истрага за инцидеднтот во кој е инволвиран Марко Арнаутовиќ за време на мечот од групната фаза меѓу Австрија и Македонија“, соопшти УЕФА.
Се очекува брзо да биде решено дали Арнаутовиќ ќе добие казна и каква ќе биде таа. Одлуката би требало да биде пред мечот меѓу Холандија и Австрија.