Промените ќе се случат од сезоната 2024/25, а главното ќе биде системот на играње, ќе се игра по швајцарски систем.
Тоа се знаеше од поодамна, а новата информација е дека под притисок од големите клубови, УЕФА ќе дели и две вајлд карти.
Предлогот е двете најдобро рангирани екипи од УЕФА листата кои не се пласирале во Лигата на шампионите да добијат вајлд карти.
Правилото ќе се воведе со цел некој од гигантите и да има лоша сезона да не значи дека ќе го загуби местото во Лигата на шампионите, а со тоа ќе загуби и многу пари.
УЕФА промените ги воведува со цел да задоволи дел од апетитите на големите клубови со цел да ги згасне обидите за формирање на Суперлига.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.