УЕФА отвори постапка против Ал Келаифи и Леонардо

by
1 минути читање

Неможејќи да се помират со елиминацијата од Лигата на шампионите, Ал Келаифи и Леонардо направија вистински скандал во поттрибинскиот простор од стадионот Сантијаго Бернабеу.

Претседателот на ПСЖ, Ал Келаифи се симнал во соблекувалната на судијата на на патот до неа ги навредувал и им се заканувал на сите кои го предупредувале да не го прави тоа, со него бил и спортскиот директор Леонардо.

Ал Келаифи дури и му се заканил на човек од Реал Мадрид кој го снимал неговото однесување со мобилен телефон, му рекол: „Ќе те убијам“.

УЕФА покрена истрага за овој инцидент, отворена е постапка против Насер Ал Келаифи и Леонардо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×