УЕФА објасни зошто ВАР не го поништи голот на Ајакс

by
1 минути читање

Доколку поразот не беше толку убедлив, сигурно погласни ќе беа реакциите на Реал Мадрид во врска со третиот гол на Ајакс. Но по сите случувања на теренот никој не смее да ја оспори победата на холандскиот тим.

Спорен беше третиот гол на Ајакс, тој што го постигна Душан Тадиќ. При акцијата имаше дилема дали топката со целиот обем е во аут или не. Долго се гледаа снимките, но на крајот Феликс Брих одлучи да го прознае голот.

УЕФА сега ја објаснува одлуката.

„Од сите агли преку кои внимателно анализиравме преку ВАР, немаше апсолутен доказ дека топката со целиот обем е излезена. Асистентот кој беше перфектно поставен, сметаше дека топката не ја поминала линијата со целиот обем. Па коректна беше одлуката да не биде интервенирано и голот да биде признаен“, стои во соопштението на УЕФА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани