Милан конечно најде купувач за Рафаел Леао?!

by bojan
1 минути читање

Медиумите од Италија пренесуваат дека Астон Вила влегува во трката за потписот на Рафаел Леао, клубот од Бирмингем има финансиска моќ да ги задоволи барањата на Милан за трансфер од 50-60 милиони евра.

Рафаел Леао цело лето се поврзува со заминување од „Сан Сиро“, низ медиумите кружеа многу гласни од спектакуларна трампа со Манчестер Сити за Рубен Диаш, до изненадувачка размена со Рома и Матијас Суле.

Но конкретен интерес пројави само Галатасарај, а понудата на шампионот на Турција беше далеку од тоа што Милан го бара.

Како што пренесува Газета дело Спорт, во последните денови од преодниот рок може да се најде купец во името на Астон Вила.

Клубот од Бирмингем имаше тежок старт на сезоната во Премиерлигата со убедлив пораз од 4-0 против Брајтон, па сака да го „раздрма“ тимот со ново звучно име.

Унаи Емери го идентификувал Рафаел Леао како идеално засилување за нападот со огромно искуство на највисоко ниво.

Се говори дека Астон Вила наскоро ќе достави понуда од 50 милиони евра, и се верува дека ова ќе биде доволно за „росонерите“ да дадат зелено светло.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×