Остануваат уште три месеци до почетокот на Европското првенство во фудбал каде Македонија ќе го има својот историски настап.
Додека трае одбројувањето на официјалниот сајт на УЕФА се објавуваат текстови како загревање за Европското. Денешниот е за седумте најавозбудливи мечеви од групната фаза, а меѓу нив е ставен и дуелот на Македонија со Австрија.
„Македонија беше во квалификациите заедно со Австрија пред да ги помине Косово и Грузија во плеј-офот да доје до својот прв настап на ЕП и да обезбеди римеч со Австријците. Австрија ја победи Македонија и дома и гости. Во Виена во победата од 2-1 головите ги постигнаа Алаба и Лаинер. Но сега во Букурешт е многу понаку. Ѕвездата на Македонија, капитенот, најдобриот стрелец и човекот со многу настапи, Горан Пандев го постигна победничкиот гол за да го однесе својот тим на турнирот, Дали 37-годишниот ќе даде уште еден значаен погодок или два?“, стои во описот на мечот.
Целиот текст и останатите шест меча можете да ги погледнете на овој ЛИНК.