Европската куќа
на фудбалот УЕФА е во постојани разговори изминатиов период со тоа што би
можело да дојде до радикални промени во однос на форматот на натпреварување во
групната фаза од Лигата на шампионите.
Ова елитно
европско клупско натпреварување за момент се стави под знак прашалник откако се
појави идејата за така наречената Супер Лига изминативе години, бидејќи
гигантите пријавија желба за повеќе натпревари меѓусебно.
Како и да е, од
УЕФА се надеваат дека нивната солуција ќе може да ја обедини Европската
фудбалска елита во Лигата на шампионите со тоа што од таму посакуваат да се
воведе „Швајцарски систем“, а тимовите да се натпреваруваат во една
лига-табела.
Форматот би
налагал да една екипа игра десет натпревари против екипи по случаен избор, пет
на домашен, пет на гостински терен, а најдобро рангираните 16 екипи би влегле
во нокаут фазата со тоа што првиот би ги одмерил силите со најслабо рангираниот
од оваа конкуренција (16).
„Тајмс“ наведува
дека разговорите течат во една добра насока во однос на ова прашање што би
довело до промена во структурата на натпреварувањето, а со тоа екипите да
играат против десет различни противници во групната фаза.
Според
информациите, 32 или 36 екипи би се вметнале во една дивизија, но, нема сите да
ги одмерат силите во меѓусебни натпревари, со тоа што би се креирало ждрепка по
случаен избор, а најдобро рангираните 16 од дивизијата би прогресирале во
нокаут фазата по финалното рангирање на табелата, а во понатамошната фаза
првиот би играл против 16тиот, односно вториот против 15тиот.
Понатаму, оние
екипи кои би завршиле на 17 до 24 место во дивизијата би се преселиле во Лига
Европа, а од УЕФА се надеваат дека „Швајцарскиот систем“ би можеле да го
вметнат во Лигата на шампионите почнувајќи од 2024 година.