УЕФА ќе обезбеди финансиски пакет од цели шест милијарди евра?

by
1 минути читање

„Блумберг“ објави
дека УЕФА е во преговори за обезбедување инвестициски фонд за да го зголеми
буџетот на Лигата на шампионите со неверојатен пакет во износ од шест милијарди
евра.

Планот се
активираше откако 12 елитни европски клубови објавија дека се дел од новото
натпреварување Европска Супер Лига, за кое следеа бурни реакции од љубителите
на фудбалот.

УЕФА ги
предупреди клубовите и фудбалерите да не бидат дел од такво натпреварување, а
доколку го сторат тоа ќе бидат суспендирани од сите натпреварувања кои се под
капата на куќата на европскиот фудбал.

Од Европската
куќа на фудбалот веќе го објавија новиот формат за Лигата на шампионите од 2024
година, а според тоа што го објави „Блумберг“, европското фудбалско владеачко
тело е во преговори и за зголемување на буџетот на тоа натпреварување.

УЕФА е во
преговори со Центрикус Асет Менаџмент за финансиски пакет од околу шест
милијарди евра за да се зголеми буџетот на своето натпреварување, како и да се
стопира планот за Суперлигата
“ објави „Блумберг“ базирајќи се на свои извори.

Во меѓувреме
американскиот банкарски гигант „Џи Пи Морган“ потврди дека ќе го финансира
новото натпреварување, кое стартува со буџет од 3.5 милијарди евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×