УЕФА ќе им даде признание на Кјаер и медицинскиот тим што му го спасија животот на Ериксен

by
1 минути читање

Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин ги опиша како вистински херои на ЕУРО 2020 луѓето кои му го спасија животот на Кристијан Ериксен.

На мечот од првото коло против Финска, Ериксен доби срцев удар и се струполи на теренот, благодарение на брзата интервенција на Кјаер и медицинскиот тим, неговиот живот беше спасен во една крајно драматична ситуација.

Претседателската награда на УЕФА за 2021 ќе ја добијат:

Данскиот национален тим:

Мортен  Скјолдагер (тимски доктор)

Мортен Боесен (тимски доктор)

Симон Кјаер (Каптен на данската репрпезентација)

Медицинските лица на УЕФА кои биле на стадионот:

Јенс Клеинфелд

Валентин Великов

Медицински тим на стадионот:

Могенс Креусфелд (главен медицинск службеник)

Фредерик Фленстед (медицински менаџер на стадионот)

Андрес Боесен (доктор за итни случаеви на теренот)

Педер Ерсгард (болничар)

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани