УЕФА ја изрече казната за гестот на Симеоне, тренерот на Атлетико добро помина

by
1 минути читање

УЕФА го казни Симеоне само со 20.000 евра за покажување на меѓуножјето кон трибините.

Тренерот на Атлетико Мадрид имаше контроверзна прослава, и многумина очекуваа да добие и суспензија, но УЕФА се чини му прогледа низ прсти.

Според повеќето гестот на Симеоне беше насочен кон ВАР кој оправдано донесе две одлуку на штета на Атлетико Мадрид. Но тренерот по мечот изјави дека неговиот излив на емоции бил насочен кон неговите навивачи сакајќи да им каже дека имаат „муда“ за големи натпревари.

Реваншот се игра следниот вторник, Атлетико Мадрид на стадионот на Јувентус ќе истрча со предност од 2-0.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани