УЕФА исфрли клуб од европските квалификации поради можни наместени натпревари

by Стефан
1 минути читање

Европската фудбалска асоцијација донесе одлука да го отстрани азербејџанскиот клуб Туран од квалификациите за Конференциската лига кои требаше да ги игра ова лето.

Иако Туран минатата сезона заврши на третата позиција во националниот шампионат и обезбеди место во квалификациите за европското натпреварување, клубот нема да добие можност да настапи на меѓународната сцена.

Од таборот на Туран најавија дека нема да се помират со одлуката и ќе поднесат жалба до Судот за спортска арбитража со надеж дека санкцијата ќе биде поништена и тимот повторно ќе биде вклучен во квалификациите за Конференциската лига.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×