УЕФА: Голот на Мбапе е регуларен, но правилото е лошо и мора да го смениме

by
1 минути читање

Многу прав крена голот на Мбапе со кој Франција дојде до титулата во Лигата на нации. Тој беше во офсајд, но пред него Гарсија играше со топката, и тоа беше клучниот момент поради кој голот беше признаен.

Сега се огласи и УЕФА преку Роберто Росети и призна дека правилото е лошо и треба да се промени.

„Одлуката беше исправно донесена од страна на судиите, голот беше признаен според правилата кои во моментов важат. Дефанзивецот играше со топката со цел да спречи таа да дојде до напаѓачот и автоматски ја анулира неговата претходна офсајд позиција, се е според правилата. Но тоа не значи дека правилата се добри и фер. Ситуацијата ни покажа дека правилото може да биде злоупотребено и дека мора да се промени. Верувам дека во брзо време ќе го направиме тоа“, изјави Роберто Росети.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани